промени го јазикот

македонски
shqip

english

Да започнеме

[1]

Медиумска стратегија

[2]

Клучни луѓе и ресурси

[3]

Развивање на пораката

Студија на случај

Алатки

[1]

Соопштение за печат

[2]

Конференција за печат

[3]

Брифинг за новинари

[4]

Посета за новинари

Студија на случај

[5]

Интервју

[6]

Убедувачко писмо

[7]

Медиумски настани

[8]

Други форми

Комуникација во услови на криза

Студија на случај

Мониторинг и евалуација

[1]

Мониторинг и евалуација

Додатоци

Кодекс на новинарите на Македонија

Поимник

Контакт информации за главните медиуми во Македонија


 

Признанија и Библиографија



 



ВОВЕД
Доколку работата од Вас бара повремено да комуницирате со медиумите за да ја информирате јавноста за вашите активности, да ги промовирате плановите што сте ги зацртале, да покажете транспарентност во работата или да придонесете во решавањето на некои прашања од јавен интерес, тогаш овој прирачник ќе Ви помогне едноставно, ефикасно и професионално да ја "спакувате" и да ја испратите вашата порака.
Познавањето на правилата за успешна комуникација со медиумите ќе ви помогне да го организирате добро вашиот дел, а новинарите да ја пренесат прецизно вашата порака до јавноста, без многу напор и трошење време.
Материјалот во овој прирачник е систематизиран преглед на најважните заклучоци од сите семинари, работилници и обуки на оваа тема кои Македонскиот институт за медиуми во изминатиот период ги организираше за невладини организации, единици на локалната самоуправа, за портпароли и за подмладоци на политички партии.
Во него се објаснети правилата за развивање на медиумската стратегија, алатките за комуницирање со медиумите, правилата за надгледување и проценка на медиумската покриеност на вашиот настан, а ќе најдете и други корисни информации што ќе ви ја олеснат комуникацијата.
Не заборавајте дека медиумите можат да бидат важен сојузник на патот кон вашиот успех.

Медиумска стратегија

Ако сакате да остварите долгорочни и успешни односи со медиумите, тогаш ваша прва и главна обврска е да работите на создавање медиумска стратегија. При одредувањето на елементите на успешната медиумска стратегија, важно е да се утврдат општите цели и резултати кои ја поддржуваат мисијата и визијата на вашата организација. Откако ќе биде развиена, медиумската стратегија треба континуирано да се ажурира.

 повеќе »

Медиумски алатки

Вашите редовни состаноци и специјални настани се идеални можности да стекнете нови членови и да се појавите во локалните медиуми. За успех на ваквите настани, клучно е внимателно планирање и реализација.

 повеќе »

Мониторинг и евалуација

Вложивте многу напор за да бидете застапени во медиумите. Се јавувавте во медиумите, им испраќавте соопштенија за печат, ги одговоривте нивните “тешки” прашања, а малку и ги убедивте за да го ценат вашиот начин на гледање на работите. Потоа добивте и некои резултати, вашето име и порака се присутни во печатот, на телевизија и на радио, па и во сајберпросторот. Но, работата не е завршена.

повеќе » 



Превземи pdf

македонски

shqip

english



 

   Дома | Превземи | За нас | Линкови | Контакт | Барај 

Дизајн: КОМА лаб.